Адел ги доведе своите обожаватели до лудило откако презентираше 30 секунди од својата нова песна во реклама на Х-Фактор.
Оваа добитничка на Греми нема објавено ниту една песна од октомври 2012 година кога на голема врата се врати со песната за филмот Skyfall за што доби Оскар.
Оваа песна е прва по раѓањето ан нејзиниот син Ангел, а поминаа цели пет години од објавувањето на нејзиниот последен албум.
Обожавателите на Твитер ја споделија возбудата поради новата песна, откако слушнаа дел од нејзината песна која беше проследена со текст на црн екран.
-Само дваесет секунди беа потребни од песната за да се расплачам, е еден од коментарите на Твитер.
Се зборува дека новиот албум ќе излезе следниот месец, но се уште тоа не е официјално потврдено.