Поп кралицата е позната по тоа што ги диктира модните трендови и ги поместува границите, но овој пат по се изгледа претера. Се уште атрактивната 57 годишна пеачка е “уловена“ како го напушта хотелот во Портланд во спортски чорапи и папучи.
Таа повторно успеа да предизвика реакција на јавноста која се подели околу тоа дали диктира моден тренд или пак намерно провоцира со уште еден маркетиншки трик.
Оваа чудна комбинација која досега не беше видена на неа, беше надополнета со црна јакна, црна капа и црно бел шал. Мадона, и се е можно.