Бронзен медал за Стефановска во Премиер карате лигата

Од:

На претпоследниот турнир од светската Премиер карате лига одржан викендот во Салцбург, Австрија, членот на Макепетрол Наташа Стефановска освои бронзен медал во категоријата -61кг.

Во одлучувачката борба во репасажот Македонката ја совлада Ема Аронен од Финска со 2-0

Стефановска во првата борба во репасажот беше подобра од Ешли Скот од Англија откако борбата заврши 4-4, судиите одлучија дека нашата каратистка била поактивна и подобра.

Инаку, во првото коло Наташа ја совлада Русинката Ксенија Малиута со 1-0, со истиот резултат беше совлдана и Хилал Ер од Турција, па Ноеми Корнефелд (Швајцарија) 2-0, а во четвртфиналето загуби минимално со 1-0 од актуелната свестка шампионка, Французинката Луси Игнас.

Од другите македонски натпреварувачи борба за медал имаше и Симон Антиќ (-84 кг), но тој загуби од јапонски репрезентативец со 0:1 и го освои петтото место.

На турнирот учество земаа 60 држави со 764 спортисти меѓу кои и 30 од Македонија.

Тренерот на Макпетрол Бошко Заборски рече дека е задоволен од постигнатиот резултат.

– За Салцбург заминавме со подмладена екипа од 10 спортисти. Тоа што сакам да го истакнам е дека сум задоволен од настапот на сите мои каратисти. Најважно во овој момент е континуитетот на освојување на медали од најелитното светско натпреварување. Статистиката покажува дека ние на ова натпреварување во Салзбург го освоивме 31. трофеј. Односно, откако се формираше ова елитно натпреварување, ние како клуб и донесовме на Македонија вкупно 31 медал, од кои 7 златни, 7 сребрени и 17 бронзени медали. Овој податок го става нашиот колектив на првата позиција во нашата држава во светски и европски рамки, истакна Заборски.

Би можело да ве интересира

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје