Македонија од Светското во Хаген се враќа со 27 светски титули

Од:

Македонскиот WFMC тим составен од 16 членови го завршија своето учество на WFMC Светското првенство за 2015 кое се одржа во периодот од 16 до 18 октомври 2015 година во Хаген – Германија со огромен успех со освоени 27 светски титули. На Светското првенство настапија нас 1.000 натпреварувачи од 65 земји. Академијата за боречи вештини “ЗА НЕД ДО” од Битола која е и официјален претставник за WFMC *[World Fight Sport and Martial Arts’ Council] во текот на годината имаше изборно првенство на кое учествуваа над 100 потенцијални кандидати.

По селекцијата 25 од нив беше предвидено да ја претставуваат Македонија во Хаген. Но поради самофинансирање само 16 обезбедија доволно сретства за учество. Ова не е ни мал а ни прв успех за боречките спортови и вештини во Македонија. Имено минатата година од Светското WFMC првенство кое се одржа во Умаг – Хрватска, македонскиот тим од 10 натпреварувачи се врати со 23 светски титули а претходната 2013 година од Светските првенства на ISDO и WPKA *[International Self-Defense Organization / World Pan Amateur Kick Boxing Association] македонскиот тим од 4 натпреварувачи се врати со 7 светски титули. Овие вистински амбасароди на Македонија за три години на македонскиот спорт му донесоа вкупно 57 светски титули. Следи и официјалниот билтен за WFMC Македонија по категории и дисциплини: [лајт контакт борби] 1. Емилија Милошевска [лајт контакт борби -40 кг.] сребро 2. Емилија Бошевска [лајт контакт борби -50 кг.] бронза 3. Јулијана Милошевска [лајт контакт борби -50 кг.] бронза 4. Катерина Барабановска [лајт контакт борби -50 кг.] сребро 5. Маја Кузманова [лајт контакт борби -55 кг.] сребро 6. Марина Силјанова [лајт контакт борби -55 кг.] бронза 7. Марија Трпеновска [лајт контакт борби -50 кг.] сребро 8. Џансел Алимовска [лајт контакт борби -60 кг.] бронза 9. Христијан Котевски [лајт контакт борби -35 кг.] злато 10. Филип Стојановски [лајт контакт борби -55 кг.] сребро
11. Сунај Мифтар [лајт контакт борби -65 кг.] злато 12. Кристијан Стојановски [лајт контакт борби -65 кг.] бронза 13. Аце Кочовски [лајт контакт борби -65 кг.] сребро
[семи контакт борби] 1. Емилија Бошевска [семи контакт борби -50 кг.] сребро 2. Маја Кузманова [семи контакт борби -55 кг.] злато 3. Маја Кузманова [семи контакт борби -60 кг.] сребро 4. Марина Силјанова [семи контакт борби -55 кг.] сребро 5. Антонио Десковски [семи контакт борби -50 кг.] сребро 6. Кристијан Стојановски [семи контакт борби -65 кг.] бронза
[фул контакт борби] 1. Сунај Мифтар [фул контакт борби -65 кг.] злато [демонстрации во музички форми со традиционално оружје] 1. Филип Стојановски [музички форми со оружје -17 год.] сребро 2. Христијан Котевски [музички форми со оружје -12 год.] бронза [демонстрации во самоодбрана] 1. Маја Кузманова [самоодбрана -17 год.] злато 2. Емилија Милошевска [самоодбрана -12 год.] сребро 3. Антонио Десковски [самоодбрана -17 год.] бронза
[демонстрации во екстремна самоодбрана] 1. Дијана Неделковска [екстремна самоодбрана] злато *[во апсолутна категорија од +18 год.] [демонстрација Tai Chi – ветерани] 1.Grandmaster Златко Неделковски [Tai Chi – ветерани] злато 27 светски титули или во бројки: [7] Светски шампионски титули [12] Вицесветски шампионски титули [8] бронзени, трети места

Би можело да ве интересира

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје