Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром денеска е пред нов предизвик во АБА лигата, со новиот тренер Алеш Пипан да ја прекине серијата од три порази во низа. Почетокот на натпреварот во „Спортскиот центар Борис Трајковски“ е во 17 часот.
Покрај натпреварот во Скопје, денеска ќе се играат и натпреварите: Цибона – Широки, Шолнок – Сплит и Крка – Будуќност.
За утре се закажани дуелите Цедевита – Задар и Партизан – Раднички, а колото ќе биде комплетирано в понеделник со средбата Игокеа – Унион Олимпија.