Младата српска кошаркарка Наташа Ковачевиќ која во сообраќајна несреќа во 2013 година загуби дел од ногата, но продолжи активно да учествува во спортот, денеска беше гостин на Македонската кошаркарска федерација.
Девојката која со својата храброст го воодушеви спортскиот свет, неполни две години по трагичниот настан со специјална протеза се врати на теренот.
Младата спортистка сега е ангажирана во својата фондација преку која сака да им помогне на сите деца вљубеници во кошарката.
Наташа Ковачевиќ инаку е симбол на храброст и упорност за сите спортисти.
При престојот во федерацијата големиот борец Наташа Ковачевиќ од претседателот на МКФ, Петар Наумоски на подарок доби дрес од македонската репрезентација и баскет со потпис на наште легенди Петар Наумоски, Стојна Вангеловска, Моника Гаврилоска и спортскиот директор на МКФ Заре Марковски.
Спортската хероина најави преку својата фондација соработка со млади македонски селекции.