Македонскиот футсал шампион Железарец ги доби противниците во групата Б на елитната рунда од УЕФА Футсал купот.
Според денешната жрепка Железарец ќе игра во Пескара, Италија против екипите на Пескара, Хале-Гоик од Белгија и Тулпар Караганди од Казахстан.
Екипата на Пескара од Италија е домаќин и во елитната група се пласираше со три победи во претходната фаза, но од првиот шешир доаѓа вториот претставник на Казахстан, екипата на Тулпар Караганди.
Третиот противник на нашиот шампион е екипата на Хал-Гоик од Белгија која како Железарец беше второпласирана во главната рунда со шест освоени бодови.