ВИДЕО: Ајкула падна од небо

Од:

Иако не изгледа како сериозна вест, вистина е дека работници на еден голф клуб на југот на Калифорнија изведоа неверојатна акција за спасување.

Тие и пружија помош на малата леопард ајкула која „долета“ од небо на голф теренот.

Беспомошната ајкула имала неколку убодни рани кои најверојатно и ги задала птица грабливка, која евентуално ја извлекла од океанот, оддалечен осум километри. Неверојатно, зар не?

Ајкулата долга 60 сантиметри и тешка околу еден килограм набрзо е однесена во океанот.