Турскиот вицепремиер Јалчан Акдоган денеска го отфрли предлогот за прогласување на примирје пред парламентарните избори на 1. ноември.
Тој наведе дека предлогот е „тактика“ на курдските бунтовници и оти турската Влада инсистира Курдската работничка партија (ПКК) да го предаде оружјето и да се повлече од Турција.
– Често пати сме биле сведоци како терористичката група користи слични тактики, кога е во безизлезна ситуација. Доста ни е от тоа. Палите и уништувате се, малтретирате и убивате луѓе, започнувате војна против државата, а потоа изјавувате дека не сакате безбедноста на изборите негативно да влијае, посочи Акдоган.
Претставникот на ПКК, Бесе Хозат претходно најави прекин на огнот, како варијанта за зголемување на шансите на прокурдската Демократска партија на народина на претстојните избори.