Шкотланѓанка излекувана од ебола одново вратена во изолација

Од:

Медицинската сестра од Глазгов, Полин Каферки (39), која минатата година заболе од ебола за време на престојот во Сиера Леоне, одново е ставена во изолација во лондонската болница „Ројал Фри Хоспитл“, откако кај неа се забележани „невообичаени задоцнети компликации“.

Здравствените власти во Шкотска потврдија дека кај Каферки е регистриран вирус, но се смета дека тој останал од првата оригинална инфекција.

Шкотските лекари веруваат дека таа не е заразена.

На почетокот од оваа година, Шкотланѓанката беше лекувана, откако заболе од ебола во декември 2014 година. Таа помина еден месец во строга изолација се до нејзиното излекување.

Во вторникот, таа се пожалила дека не се чувствува добро и била примена во болницата во Глазгов, на одделението за инфективни болести.

Рано утринава, таа е префрлена во Лондон, кога лекарите кај неа откриле појава на „невообичаени компликации“.

Претставник на лондонската болница изјави дека верува оти компликациите се последица на претходната инфекција со ебола.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица