Македонската Дурекс амбасадорката Ренната преку Дурекс YouTube каналот го промовираше нејзиниот нов, шести по ред, видео спот „West Side Story“. Спотот премиерно ќе биде емитуван и на Балканика, Hayat Music и MTV Adria.
„Иако ова ми беше прва соработка со режисерот Христијан Конески, таа помина беспрекорно добро и спорот го снимивме за само 24 часа. Видеото се снимаше во студио, бидејќи сакавме да се фокусираме на фотографијата и стилските кадри. За концептот и костимографијата се погрижи мојот стилист Ивана Кнез која за оваа пригода ги креираше ултра заводливите парчиња, за преку нив да биде раскажана приказната на девојка која се чувствува заведена и освоена, откривајќи ги сите свои мирни и диви страни. Стилистот Даниел Николовски направи шминката и фризурата да бидат различни и адекватни за секој различен кадар од спотот. Навистина големо и искрено благодарам до целиот тим кој безрезервно се залагаше за ова видео да биде успешно и уникатно направено“, изјави Ренната.
Текстописец на песната е Ренната, а композитор и продуцент е Зоран Алексиќ. Видео записот го носи потписот на Sky Eye Entertainment, поддржан од светскиот бренд Дурекс.
„Оваа година улогата на Дурекс амбасадор ми претставуваше голем предизвик пред се заради целата кампања која е за општо добро на сите млади. Потребно е младите да добијат правилни информации а со тоа и свесно да знаат како да се заштитат од сите сексуално преносливи инфекции или непланирана бременост“, додаде Ренната.
Ренната е прва во регионот која доби VEVO канал, платформа што ја користат големи светски музички имиња и преставува вистински престиж и достигнување во музичкиот свет.