Ќе се снима филм за Курт Кобејн?

Од:

Кортни Лав планира да сними филм за животот нејзиниот починат сопруг, Курт Кобејн, пејачот на Нирвана, кој изврши самоубиство во 1994-тата година.

Сем Лутфи, нејзин соработник, рече: Во моментов се работи на можен филм или Бродвеј мјузикл врз основа на групата Нирвана, животот на Кортни Лав и Курт Кобејн”.

Извор близок до 48-годишната Кортни ги потврди плановите за филм за New York Daily News: Таа зборува за правење на филм или претстава за нејзиниот живот со Курт, веќе подолго време.

„Сон и е конечно да ја раскаже нејзината страна на приказната.

– Сепак досега ништо не е материјализирано, тоа се само идеи на Кортни и таа никогаш ништо сериозно не направи по тоа прашање“.

Кортни се појавува како актерка во филмот „The People Vs Larry Flynt” во 1996. година, „200 Cigarettes” во 1999. и „Straight to Hell Returns“ во 2010-та година.

 

Би можело да ве интересира

Судот ја отфрли тужбата против „Нирвана“

Ана Ололовска

Бебето од омотот на „Nevermind” ја тужи „Нирвана“ за детска порнографија

Ана Ололовска

Домот на Курт Кобејн и Кортни Лав во Холивуд чини речиси милион долари

Ана Ололовска

Гитарата на Курт Кобејн продадена за над шест милиони долари

Ана Ололовска

Гитарата од „последниот автопортрет“ на Курт Кобејн оди на аукција

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Најскапиот џемпер на светот: Го носеше Курт Кобејн, не е испран, има дупка, а чини 334.000 долари

Татјана Ташкова