Вчерва концерт на американската група „The Soft moon“ во МКЦ

Од:

Вечерва, во МКЦ – Скопје ќе се одржи концерт на музичката група „The Soft moon“. Почетокот е закажан за 21 часот.

„The Soft Moon“ е американски neo-post-punk бенд од Оукленд. На почетокот, во 2009, „The Soft Moon“ е само соло-проект на главниот продуцент, пеjач, композитор и инструменталист во бендот, Луис Васкез.

Тој издава два сингла, „Breathe the Fire“ и „Parallels“ и истовремено работи на неговото прво Self Titled ЛП. Пред издавањето на плочата, Васкез вложува енергија да создаде бенд од овој соло-проект, за да може да оствари потполно чувствено искуство преку лајв-перформансите. The Soft Moon користат и визуелни елементи на сцена како придружен дел од нивните настапи, кои често вклучуваат и лајт-шоуа. Нивната музика е спектар од повеќе жанрови како краутрок, пост-панк, психоделија, world music и дарквејв. Настапот во Скопје е во рамките на големата европска турнеја на која го промовираат новиот албум „Deeper“.

softmoon

Вечерта ќе ја отвори американскиот артист, стациониран во Берлин – Phase Fatale со настап во живо.

Од МКЦ ги најавуваат и следните концерти:

15.10 King Automatic & Денис Катанец

22.10 ROTTERDAM SKA JAZZ FOUNDATION

05.11 A PLACE TO BURY STRANGERS + THE GROOMS

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски