Улица во Загреб ќе го носи името на Милан Младеновиќ (ЕКВ)

Од:

Милан Младеновиќ, фронтмен на белградската рок група Екатерина Велика (ЕКВ), со одлука на градските власти доби своја улица во Загреб, односно во населбата Јакушевац во Нов Загреб, известува Хрватската телевизија.

Младеновиќ е роден во Загреб, а неговата група во Хрватска беше многу популарна.

„Сакавме да му оддадеме признание, не толку на личноста на Милан Младеновиќ, колку на урбаната култура во Загреб и просторот на тогашната држава во 80-тите години на 20-от век“, рече претседателот на Одборот за именување на населби, улици и плоштади, Марин Кнезовиќ.

На одлуката на мнозинството во собранието, му претходело барање од ХДЗ да се одложи именувањето на улица по Младеновиќ, затоа што, според нив, не ги задоволува критериумите.

ЕКВ не беше толку популарна во Хрватска, улиците во Загреб да се именуваат по имињата на нивните членови, а и начинот на живот праќа погрешна порака на младите генерации, оценија од ХДЗ.

На десетина метри оддалеченост од улицата која ќе го носи името на Младеновиќ, улица доби и композиторот Карло Метикош, попознат како Мет Колинс.

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег