Македонскиот футсал шампион Железарец се пласираше во елитата фаза (16 најдобри) во УЕФА футсал купот, кој е пандан на Лигата на шампиони во голем фудбал.
Тие денеска на турнирот во Братислава славеа против финскиот шампион Сиеви со 6:5 и така со 2 победи и еден пораз го освоија второто место во групата што беше доволно за пласман во топ 16. Вториот тим од оваа група што оди понатаму е домаќинот Слов-матик.
Стрелци на головите за Железарец се: Глигоров (2), Крстевски, Даниел, Леовски и Мицевски.
Жребот за последната групна фаза ќе биде одржан на 14 октомври во Нион, а средбите ќе се одиграат во периодот од 10 до 15 ноември.