Славната актерка Сандра Булок се наоѓа во една од најдобрите фази од нејзиниот живот.
Освен што Сандра ужива во врската со поранешниот фотограф Брајан Рандал, американските таблоиди тврдат дека тие наскоро и ќе се венчаат.
Иако Сандра и Брајан долго време ја криеја врската, неодамна во јавноста протече информација дека фотографот се пресели кај славната актерка и дека двојката размислува за посвојување дете.
Таблодите наведуваат дека Булок, која првиот син Луис го посвои во 2010 година во Њу Орлеанс, сега сериозно размислува за дополнително проширување на семејството.