Победа за Железарец во Футсал купот на УЕФА

Од:

Македонскиот шампион во футсал екипата на Железарец ја оствари првата победа во „главната рунда“ на Футсал купот на УЕФА во групата 4 откако славеше над Ајндховен со 6:3. Железрец во текот на целиот натпревар имаше предност, а по 3:2 играчите на македонскиот првак во футсал за пет минути постигнаа три голови и ја потврдија победата.

Два гола за Железарец постигна Таулант Исмаили, а по еднаш мрежата ја затресоа: Игор Леовски, Ферид Агуши, Мартин Тодоровски и Адријан Мицевски.

На вториот натпревар во групата домаќинот Слов – Матик постигна убедлива победа на Сиеви со 6:1 и со тоа го освои првото место.

Денеска е слободен ден, а во последното коло од групата Железарец утре ќе игра против Сиеви, што всушност преставува директен дуел за второто место.

Првото место на табелата го има Слов-Матик со 6 бодови, Железарец е втор со 3 (гол разлика +1), трет е Сиеви со 3 (гол разлика -3), додека последен е Ајндховен без бодови. Двете првопласирани екипи ќе ги продолжат натпреварите во „елитната рунда“.

Би можело да ве интересира

Српски тренер доби отказ затоа што му го честиташе роденденот на Путин

ВИДЕО: Хулигани нападнаа српски спортисти во Брчко

Предраг Петровиќ

Македонските футсалци со реми го почнаа двомечот со Црна Гора

Ана Ололовска

Футсал виртуозот Рикардињо ја заврши репрезентативната кариера

А1он

Македонската футсал репрезентација до 19 години поразена од Црна Гора

А1он

Стартува новата футсал сезона, во недела дерби помеѓу КМФ Железарец и КМФ Проект

Ана Ололовска