Со поранешното момче можете да бидете пријатели само под одредени услови.
1. Поминало многу време откако врската завршила
Не можете да бидете пријатели една недела откако сте се разделиле. Зависи и колку врската била сериозна. Многу полесно е по кратка романса, која траела неколку недели.
2. Сте се вљубиле во друг
Доколку сте во врска со друго момче многу полесно е да се изградат пријателски односи со поранешното момче. Во спротивно, тоа не е така лесно.
3. Ниту еден од вас не е кретен
Важно е по разделбата двајцата да бидете доволно зрели и возрасни и да поминете преку фактот оти немало иднина, наместо да се однесувате како кретен кон поранешниот партнер.
4. Имате силна поврзаност
Ако добро сте се разбирале со поранешното момче и пред да бидете во врска има шанси и по разделбата да останете во добри односи.
5. Двајцата со цело срце сте продолжиле понатаму
Не можете поранешното момче да го прогласите за најдобар пријател доколку не сте се помириле со минатото.