Македонскиот шампион во футсал, екипата на Железарец вечерва ги почнува натпреварите во групата 4 од главната фаза од Футсал купот на УЕФА.
На стартот Железарец игра со домаќинот на групата Слов-Матик. Дуелот почнува во 19 часот.
Во другиот натпревар од првото коло играат Ајндховен и Сиеви.
Утре нашиот првак ќе игра против Ајндховен, а по слобдениот ден в петок, в сабота се игра последното коло во кое Железарец ќе игра против Сиеви.
Натпреварите од оваа фаза се играат во шест групи.