Кога ќе се спомене терминот селска куќа, за повеќето жители на големите градови, тоа е синомим за мирно место со прекрасна градина, кое е совршено за одмор и релаксација.
Таков пример е оваа рустикална куќа во која дополнителните украси и обработката се во совршен баланс со боите и осветлувањето.
Ентериерот на куќата е изработен од дрво од подот до таванот, со што остава впечаток како да се наоѓате во внатрешноста на голем даб. Ѕидовите се со груба обработка, што на целата куќа и дава одредена нишка на елегантност.
За разлика од поголемиот број куќи кои имаат дефинирана правоаголна или квадратна форма, внатрешноста на овој дом е со уникатен облик, со што потсетува на пештера.
Дрвото доминира во целата внатрешност на куќата. Почнувајќи од вратите, подовите, таваните, па се до бањата, сите елементи се изработени од дрво, кое му дава посебна атмосфера на домот.
Куќата е опкружена со прекрасен двор со големи површини покриени со трева и со многу дрва. Ваквиот изглед ја прави куќата да претставува вистински мал рај.