Металург го победи Шафхаузен

Од:

Ракометарите на Металург ја забележаа првата победа во вториот настап од новата сезона од Лигата на шампионите, откако вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ го совладаа швајцарскиот претставник Кадетен Шафхаузен со 28:24.

Подмладениот состав на Лино Червар храбро се бореше против фаворитот и речиси во текот на целиот натпревар имаше сигурно водство. Веќе по 10 минути игра беше четири разлика за металурзи (5:1), а таква беше предноста и на полувреме (15:11).

Разликата од четири голови беше најчеста и во вторите 30 минути. Божовиќ во нападот и Даниел Дупљачанец на голот даваа сигурност на нападот и на одбраната на македонскиот состав.

Јанко Божовиќ со осум погодоци го заврши натпреварот, а се истакнаа и Лука Мраковчиќ со пет и Бојан Маџовски со четири погодоци.

Во следното коло Металург игра повторно на домашен терен, противник ќе му биде норвешкиот претставник Елверум.

Би можело да ве интересира

Озтурк нов ракометар на Металург

А1он

Металург поразен од Чеховски Медведи во Лига Европа

Ана Ололовска

Металург се раздели со двајца странски ракометари

Ана Ололовска

Одложени дуелите на Металург со Чеховски Медведи поради коронавирус

Кастратовиќ за групата на Металург: Нема слаби екипи, не очекуваат тешки натпревари

Ана Ололовска

Металург почнува со Тулуз во групната фаза на Лигата на Европа

Ана Ололовска