Во чест на режисерот и професор на ФДУ Владо Цветановски, кој завчера почина ненадејно, во Македонскиот народен театар вечер ќе биде изведена неговата претстава „Животот е сон“ по текст на Калдерон дела Барка.
Претставата е последна премиера што Цветановски ја постави на сцената на МНТ, на 6-ти мај оваа година.
„Со овој чин ансамблот на Македонски народен театар сака да ја изрази својата бескрајна благодарност и почит кон проф.Владо Цветановски и кон неговото творештво со кое остави неизбришливи траги во македонскиот театар и еден од режисерските стожери на МНТ“, соопшти Македонскиот народен театар.
Влезот за посетителите е слободен.