Најмалку 15 цивили беа убиени во напад на нигериската исламистичка групација Боко харам врз село на границата со соседен Нигер, изјави претставник на нигериските сили за безбедност.
Нападот бил извршен додека жителите го празнувале муслиманскиот празник Ајд ал Адха (Курбан бајрам).
Осум од жртвите била застрелани, а на останатите седум им биле пресечени грлата.
Нигер учествува во офанзивата, која земјите од регионот ја почнаа против Боко харам претходно оваа година. Како резултат на офанзивата исламистичката групација беше истерана од голем дел од територијата на северна Нигерија.