Дали некои од најпопуларните песни на македонската забавна естрада се навистина автентични дела на македонските композитори? Голем дел од нив не се оригинали, туку „преработки“ или чисти копии на претежно руски песни, па излегува дека е многу проблематична авторската биографија на некои од најистакнатите наши композитори и пејачи.
Тие врз основа на овие хитови се стекнаа со слава, некои станаа амабасадори на македонската култура, некои се вработија во културните институции, а од пред три години, често пати добиваат и субвенции од конкурсите за поддршка на македонската забавна и народна музика од Министерството за култура.
Споредете ги „преработките“ на хитовите на некои од македонските пејачи што добиваат по неколку илјади евра од буџетот.
Владо Јаневски-Не Заборавај Да Се Сетиш На Мене / Аlena Apina – Elektrichka
Владо Јаневски-Тајна Отровна / Алла Пугачева – Позови Мениа С Тобои
Владо Јаневски-Што И Да Е, Ќе Помине Rod Stewart – You Gotta Nerve
Владо Јаневски-Ако Не Те Сакам/Massimo Ranieri – Perdere L’Amore
Владо Јаневски-Твоите Очи / Zdravko Colic – Tvoje Oci
..И химната за ВМРО на Владо Јаневски е плагијат од Moscow – Oleg Gazmanov
Мартин Вучиќ-Бибер & Чоколада / Cameron Cartio-Henna
Мартин Вучиќ-Харем / Serdar Ortac-Kabahat
Мартин Вучиќ-Ти Си Сон / Hande Yener-Acele Etme
Мартин Вучиќ-Не Се Лути Најмила / Nikos Vertis-Ti Lathos Ekana
Kуку Леле-Блесава / Anna Vissi-Eprepe
Куку Леле-Сите Години / Billy Crawford-Tracking Me