Поп-пејачот Мите Пауноски не е веќе ново лице на македонската музичка естрада. Мите го сними својот втор видео запис за песната „Кажи место, кажи време“, која е снимeна во студиото на Лазар Цветкоски, кој е автор на музиката и на аранжманот. Tекстот е дело на Магдалена Цветкоска Ена.
Освен Мите, во спотот се појавува и убавата Антонија Локвенец.
Снимањето на видео записот се одвиваше на повеќе локации во Охрид во реализација на „Горила филм“.
Инаку, Мите Пауноски живее и работи во Австралија. Тој цврсто верува во своите идеали за многу нови синглови и видео записи, а допрва се очекуваат многу убави рефрени отпеани од него.