Австриската министерка за внатрешни работи, Јохана Микл-Лајтнер предложила одобрување „ограничен“ азил за новодојдените имигрантите, како начин за справување со бегалската криза со која е соочена Европа.
Таа во интервју за виенскиот весник „Естерајх“ истакнува дека тоа е варијанта за која треба да се размисли.
– За тоа, меѓутоа, е потребна измена на законот и одлука од Парламентот. На тоа работиме, објасни Микл-Лајтнер.
Австриската министерка нагласи дека нејзиниот предлог за воведување „ограничен“ азил, како и за протерување на бегалците, не претставува промена на ставот.
– Мојот став не е променет. Секогаш зборував дека Австрија се придржува кон Даблинскиот договор и секој мора да знае дека че биде вратен во една безбедна земја, додаде Микл-Лајтнер.