Главниот град на Еквадор, Кито е целиот обвиен во густ чад, поради десетината помали и поголеми пожари во неговта околина.
Еквадорскиот претседател Рафаел Кореа соопшти дека побарал помош од Владата на Венецуела, од каде му се ветени десетина хеликопетри за гаснење пожари.
Кореа рече дека Владата во Кито ќе побара помош и од соседните Колумбија и Перу, како и од Бразил.
Досега се регистрирани 17 пожари, од кои најголем е пожарот на ридот Ауиква, североисточно од главниот град на земјата.
Властите во Кито се сомневаат дека станува збор за подметнати пожари и објавија награда од 50 илјади долари за информација, која би помогнала да се најдат виновниците.
Досега се уапсени десет лица под сомнение дека учествувале во подметнувањето на пожарите, но полицијата трага по оние за кои се сомнева дека го потикнале пироманството.
Во борбата со огнената стихија учествуваат десетина противпожарни единици кои настојуваат да не дозволат огнот да се приближи до населените зони на Кито.
Во текот на минатата недела, тројца пожарникари загинаа, а десетина беа повредени во борбата со огнената стихија.