Ален Хасановиќ ја сними првата песна за „Гранд“ продукција

Од:

Во пресрет на снимањата за новата сезона, продукцијата „Гранд“ го одржа ветувањето и започна со работа на новата песна на Ален Хасановиќ, харизматичното момче од Прилеп кое успеа го воодушеви целиот регион со својот талент за пеење.

Хасановиќ замина во Белград каде што во студиото на неговата матична продукција „Гранд“ ја снима новата песна која ќе го носи насловот „Хајде ломи“. Зад песната како автори се потпишуваат хитмејкерите Драгиша Баша (музика и текст) и Дејан Абадиќ (аранжман).

За песната планиран е и видеозапис.

Како потсетување, пред нешто повеќе од година дена, Ален Хасановиќ во центарот на Скопје ја промовираше својата прва авторска песна на македонски и српски јазик со видеозапис во режија на Зати Продукција.

„Хајде ломи“ е негова втора песна, а прва која ја издава за продукцијата „Гранд“. За промоцијата на песната комплетно ќе се погрижи неговиот нов менаџер, Саша Поповиќ, а термините за интервјуа и гостувања во најгледаните телевизиски проекти во регионот се веќе закажани.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски