На Европското првенство во кошарка што се одржува во Лил денеска на програмата се уште два четвртфинали дуела. Србија против Чешка од 18:30 часот и Италија против Литванија во 21 часот. Победниците од двата натпревара ќе ја формираат втората полуфинална двојка.
Србија важи за апсолутен фаворит во дуелот со Чешка, особено што досега на шампионатот е без пораз (6-0), а и според прикажаните игрите отскокнува од другите селекции.
Чешка со пласманот во четвртфиналето го постигна својот најдобар резултат, а за изненадување ќе треба оваа селекција да одигра над своите можности. Овие две селекции за првпат ќе играат официјален натпревар.
Во вториот дуел од денешната програма меѓу Италија и Литванија се очекува поголема борба и повеќе неизвесност. На досегашните 11 меѓусебни натпревари скорот е 8-3 за Литванија, а Италија нема ниту една победа на Европско првенство. Последните три победи Литванија ги постигна со разлика од 3 до 5 поени.
Во првото полуфинале утревечер ќе играат Франција и Шпанија, додека поразените селекции од четвртфиналето ќе разигруваат за пласман од 5-8.место.