Пристапувањето на Србија кон ЕУ би помогнало за гарантирање на стабилноста во регионот на долгорочен план, изјавија на вчерашната средба во Вашингтон српскиот премиер Александар Вучиќ и американскиот заменик претседател Џо Бајден, пренесува ТАСС.
Бајден ја истакна стратешката важност на напорите на Србија за постигнување на помирување на Балканот, вклучително преку дијалогот со Косово со посредство на ЕУ, се наведува во соопштението на Белата куќа.
Вучиќ и Бајден разговараа и за интеграцијата на Србија во ЕУ, изразувајќи согласност дека влезот на Србија во ЕУ би гарантирал долгорочна стабилност не само на Србија, туку и на регионот.
Бајден, исто така, ги поздрави напорите на Србија за решавање на бегалската криза во Европа. Американскиот заменик претседател најави дека ќе ги разгледа дополнителните можности за помош.
Српскиот премиер и американскиот заменик претседател разговараа и за економските реформи и создавањето на позитивна деловна клима за привлекување на американски инвестиции.