Турското судство отвори истрага против моќната медиумска групација Доган, сопственик на дневниот весник Хуриет, објави денеска новинската агенција Анадолија.
Групата е обвинета за објавување фотографии на турски војници загинати во неодамнешните напади, извршени од страна на бунтовниците на Курдската работничка партија (ПКК) против безбедносните сили, претежно во курдскиот југоисточен дел на земјата, соопшти Анадолија.