Гутереш побара итна помош за Србија

Од:

Високиот комесар на ОН за бегалци Антонио Гутереш денеска побара во Европскиот парламент на Србија да се додели итна помош за прифаќање на бегалците на границата со Унгарија.

Според Гутереш откако Унгарија ја затвори границата, неизбежно е Србија да се најде во центар на бегалската криза.

Гутереш побара ЕУ итно да ги насочи програмите за прифаќање и раселување на бегалците наменети за Унгарија кон Србија, истакнувајќи дека Унгарија одби да прифати такви програми.

– Неопходен е итен одговор со цел да се помогне на Србија, изјави шефот на УНХЦР во обраќање пред членовите на комитетот за надворешни работи и Комитетот за човекови права на ЕП во Брисел.

Гутереш истакна дека лично не очекува Србија насилно да ги одбива бегалците што Унгарија ќе се обиде да ги депортира во Србија, како што претходно најави српскиот министер за труд и социјални прашања Александар Вулин.

Високиот комесар на ОН за бегалци изрази разочарување бидејќи министрите за внатрешни работи на ЕУ синоќа не го прифатија планот на ЕК за решавање на бегалската криза, и таквата одлука ја одложија за октомври.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, што исто така, учествуваше на денешната комбинирана седница, ги предупреди пратениците дека не смее да се дозволи транзитните држави во соседството на ЕУ да бидат оставени на цедило.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ