Меимаракис: Грчките гласачи сакаат партиите да соработуваат

Од:

Лидерот на Нова демократија (НД), Евангелос Меимаракис изјави дека грчките гласачи сакаат партиите да соработуваат и да се формира „национален тим“ кој ќе планира на кој начин земјата ќе оди напред, јави дописникот на МИА од Атина.

– Ако имаме заеднички пат, можеме да соработуваме, бидејќи Грците бараат национален тим, Грците сакаат да соработуваме, да се изгради нов план за тоа како ќе се владее со земјата, национален преговарачки тим, изјави Меимаракис во синоќешната ТВ дебата со Алексис Ципрас, во одговор на новинарско прашање дали ќе соработува со Сириза по изборите.

Лидерот на Нова демократија, истакна дека има многу способни и вредни функционери од различни политички партии кои има намера да ги ангажира доколку биде избран, и додаде дека неговата влада може да вклучува членови од преодната владата и од претходниот кабинет на Ципрас.

На барањето да одговори на обвинувањата од Ципрас дека НД не се справила со корупцијата, Меимаракис рече дека беа направени грешки, но оти земјата отишла напред.

– Но ајде да не урнеме се. Не можеме да имаме лекции за корупција од луѓе кои не донесоа ниту еден закон против корупцијата во парламентот, рече лидерот на НД и ги презентираше мерките кои ги донесе неговата партија за борба против корупцијата и даночното затајување.

Во врска со грчкиот долг, Меимаракис рече дека „во договорот потпишан од страна на државата веќе има клаузула за реструктуирање на долгот – и не штедење, нешто што Ципрас изгледа не го знае“.

Коментирајќи го прашањето за инвестиции и вработување, лидерот на НД рече дека неговата партија е подготвена да ги деблокира сите големи проекти.

– Ние ќе ги апсорбираме фондовите на ЕУ, ќе ги придвижиме напред големите проекти. Ќе почнеме со работа во понеделник, рече тој, додавајќи дека Ципрас „не турка напред со ништо и оти владата на Ципрас порачала дека не сака во Грција да дојдат бизниси“.
Зборувајќи за отпуштања, тој рече дека ова прашање никогаш не било покренато од страна на владата на Нова демократија.

– Господинот Ципрас заборавил дека во 2013-2014 се движевме кон раст и дека во 2014 година во земјата имаше позитивен БДП. Ние ги донесовме сите инвестиции, изјави Меимаракис.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит