Политичката криза во Турција го одлага пуштањето на првата линија од „Турски поток“

Од:

Заради политичката криза во Турција се одлага пуштањето на првата линија од проектот за гасоводот „Турски поток“, информира денеска заменик претседателот на Управниот совет на „Газпром“, Александар Медведев, цитиран од ТАСС.

Сефа Садак Ајтекин, помошник советник во турското Министерство за енергетика и природни ресурси, во петокот за електронското издание на весникот „Хуриет“ изјави дека се замрзнуваат преговорите за проектот за гасовод со Русија. Тој ја објасни ситуацијата со „недостиг од взаемна доверба“ и инсистираше на „поголема еластичност“ меѓу странките.

„Газпром“ и турската компанија „Боташ“ (Botas) во декември минатата година потпишаа меморандум за взаемно разбирање за изградба на морски гасовод од Русија кон Турција преку Црно Море . Одлуката за проектот „Турски поток“ беше соопштена при посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Анкара на 1 декември 2014 година.

Медведев денеска исто така соопшти дека европски финансиски институции пројавуваат првичен интерес за финансирање на „Северен поток -2“, а „Газпром“ ги почнал консултациите и смета на пари од Европа и Азија.

Акционерските обврски од „Северен поток-2“ остануваат во сила и се очекува тој да биде пуштен во експлоатација во 2019 година.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ