Триесет и четири бегалци се удавија денеска во близина на брегот на грчкиот остров Фармакониси, на околу 15 километри од турскиот брег.
Дрвениот брод, со кој патувале имигрантите, се превртел рано денеска на околу три милји источно од островот, најверојатно поради силниот ветер.
Меѓу жртвите има четири бебиња, шест момчиња и пет девојчиња.
Ова е најсмртоносниот инцидент во грчките води од почетокот на бегалската криза.
Шеесет и осум лица биле спасени од грчката крајбрежна стража, а други 30 успеале да доплуват сами до Фармакониси.