Перасовиќ ја презема одговорноста за поразот од Чешка и најави оставка

Од:

Селекторот на хрватската кошаркарска репрезентација Велимир Перасовиќ по поразот од Чешка во осминафиналето на Евробаскетот најави повлекување од националниот тим.

Тој во целост ја презеде одговорноста за неуспехот што во хрватските медиуми е окарактеризиран како катастрофален.

– Го одигравме најлошиот натпревар во најнезгодно време. Чесите го прекршија натпреварот и потоа добија на самодоверба. Ние не можевме да се опоравиме. Посебно во третата четвртина бевме катастрофални. Престанавме да играме и не бевме свесни што ни се случува. Останува да им се извиниме на нашите навивачи за таквото наше издание, изјави хрватскиот селектор.

– Што се однесува до мене, мојот мандат во тимот е завршен дополни Перасовиќ преземајќи врз себе целата вина за поразот, реле Перасовиќ.

Хрватска денеска во осминафиналето, иако важеше за огромен фаворит загуби од Чешка со 80:59 и не успеа да ги оствари високите амбиции на ЕП каде беше еден од четирите домаќини.

Би можело да ве интересира

Франција со реконструиран тим на претстојниот Евробаскет

Ана Ололовска

Познати сите учесници на Евробаскет 2017

Пет репрезентации од квалификациите со обезбеден пласман на Евробаскет

Ана Ололовска

Одиграни натпреварите од третото коло од квалификациите за Еуробаскет 2017

Ана Ололовска

ФИБА го промовира логото за Евробаскет 2017

Ана Ололовска

Нови борби за пласман во полуфиналето на Евробаскетот

Ана Ололовска