Во Прешево прогласена Заедница на албански општини

Од:

Советниците Албанци од трите општини во јужниот дел на Србија (Прешево, Медвеѓа и Бујановац) како што и најавија, денеска со албанското знаме поставено на општината, во Прешево со мнозинство гласови донесоа одлука за формирае Заедница на албанските општини во Србија, јави порталот Прешева јоне.

– Советниците од трите општини со 43 гласови „за“ и кажаа „да“ на заедницата на албанските општини во Србија, по примерот на Србите во Косово. Донесувањето на документот за Заедницата го следеа 65 новинари,наведува порталот.

По усвојувањето на одлуката за формирање на Заедницата, Јонуз Муслиу изјави дека  ова е еден историски акт со кој и Албанците од Прешевската Долина ќе имаат своја асоцијација .

– Тоа не е само реципрочен одговор на статусот на Србите во Косово туку е императив на времето, за подобра перспектива на Албаците од Прешевската Долина кон европските интеграции, изјави Муслиу.

Претходно, најавувајќи го овој настан, градоначалникот на Бујановац, Нагип Арифи запрашан за поддршката што може да ја имаат од функционери на Косово, Македонија и Албанија, изјави дека „имале разговори“ со политичките субјекти во трите земји.

Прешева јоне наведува дека во Прешево имало сино полициско присуство.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ