Неформалното образование е решение за младите?

Од:

Ал Џезира Балкан – Сараево

– Тешко е да се биде млад, а да немаш работа? Мислам дека главниот проблем на младите во помалите градови е неможност за вработување. И со диплома тешко може да се најде работа, а не пак без неа, така да младите се препуштени на улицата, кафеаните и лошо друштво. А кој може да ги обвинува, кој е загрижен за нашите проблеми? – вели Самир Драгановиќ, еден од многуте млади луѓе кои со години не успеваат да најдат работа.

Зборовите на Самир ја доловуваат тешката состојба во цела БиХ. Во земја во која стапката на невработеност ги рушат рекордите и во време во кое е пореметен системот на вредности, многу луѓе се сомневаат во сигурна иднина.

Многу млади момчиња и девојки за да обезбедат егзистенција се одлучија за упис на факултет, надевајќи се дека по дипломирањето ќе успеат да најдат работа по струка. За жал, дипломата од факултет повеќе не е гаранција за наоѓање на работа што е сурова реалност со која младите се соочуваат по дипломирањето.

Според статистиката на Заводот за вработување во двата ентитета, на просторот на цела БиХ, бројот на дипломирани студенти на евиденцијата на бирото за вработување во последните десет години е зголемен неколку пати.

Исто така, лошата уписна политика доведува до зголемен број на непотребни кадри од одредени струки, додека берзата на трудот е дефицитарна во други занимања, како IT.

Бидејќи завршениот факултет не значи и сигурно работно место, животните услови ги тераат луѓето да побараат други извори за егзистенција. Жално е што поради низа околности голем број на млади луѓе најпродуктивните години од својот живот ги поминуваат чекајќи прилика за работа, или се одлучуваат за одење надвор од земјата, со надеж за подобра иднина.

Според студијата која ја направи УНДП, 62 отсто млади сакаат да ја напуштат БиХ, барем привремено, ако им се укаже добра можност.

Во чекор со времето

Еден од попродуктивните начини за решавање на невработеноста е дополнително усовршување и образование, надвор од училишните клупи, со што млад човек добива можност да стекне применливи знаења кои ги бараат работодавците.

Имено, основна забелешка упатена на дипломците од факултет е непостоење на доволно работно искуство и практични вештини со што би станале конкурентни и примамливи на работодавците.

– Младите веднаш во старт треба да одат во чекор со времето и да развијат компетенции кои се денес in и кои се бараат при конкурирање на пазарот на трудот, бидејќи денес никој на никого не може да гарантира дека ќе работи една работа, таа за која се подготвувале преку процесот на формалното образование, или дека ќе има едно занимање за цел живот – истакна доц. др. Изет Пехлиќ во разговор за Ал Џезира Балканс.

Др. Пехлиќ е доцент на науки на ИПФ во Зеница и во рамки на студиските предмети на универзитетската настава го развива сензибилитетот кај студентите за доживотно образование и развој на индивидуалниот успех.

Во современиот свет, се повеќе се развива свеста за потребата за стално учење и усовршување во струката, како што велат од колевка па до гроб, што значи дека образованието продолжува и по престанокот на формалното образование.

Многу близок поим за доживотно учење е неформалното образование, организиран процес на учење и образование насочено кон усовршување, специјализација и дополнување на знаењето, вештините и способностите според посебни програми кои ги изведуваат организаторите на образованието (редовни училишта, центри за обука, компании, агенции и слично). Неформалното образование работи на отстранување на недостатоците и дупките во знаењето и пружа практични вештини кои стандардните наставни програми не ги покриваат.

– Една од основните улоги на неформалното образование е тоа да го дополни формалното и на младите да им пружи можност да пристапат на сите тие содржини кои во формалното образование не се достапни. Така во некои случаи, поради недостиг на доволно ефикасен модел за флексибилно формално образование, неформалната едукација е носител на намалување на јазот меѓу постоечкото и потребно образование, научните дисциплини и желбите на младите луѓе. Неформалното образование се спроведува преку низа активности како што се курсеви, семинари, предавања, конференции, работилници, разни типови на тренинзи, како и волонтирање.

Едукативни програми

Младите и самите ја препознаа важноста на овој вид на образование и во се поголем број посетуваат разни едукативни програми, од курсеви на странски јазици, преку компјутерски вештини, па до обуки за негуватели. Со самото тоа делуваат проактивно, се наметнуваат на работодавците и имаат можност да обезбедат егзистенција, не чекајќи на повик на другите.

– Можам да констатирам дека од ден на ден состојбата во ова подрачје е се подобра. Луѓето, посебно младите и кај нас ја препознаваат вредноста на неформалното образование и во него во ова тешко време без работа, наоѓаат алтернатива за развој на животната смисла и зајакнување на сопствената конкурентност на пазарот на трудот.

Се поголем е бројот на повици на семинари кои едуцираат за аплицирање на проекти на неформалното образование кое го финансира Европската унија. Така се поголем е бројот на невработени млади, но и вработени лица, кои во различни улоги и позиции позначајно се вклучуваат во процесите на неформалното образование – истакна др. Пехлиќ.

Директорот на ЦЛПУ мр. Сенад Ќеман во изјавата за порталот Ал Џезира Балканс, истакна голема потреба за ваков тип на едукација и дека добриот одзив на семинарите покажува развиено чувство кај луѓето за стекнување на нови знаења и вештини.

– Потребата за тој вид на постојано усовршување на вештини, од ден во ден ќе биде се поголема. Важно е да се има можност за продолжување на напредокот во секоја лична и професионална смисла и по завршување на формалното образование и стекнување на диплома. Процесот на учење не престанува. Светот, благодарение пред се на комуникациските технологии нуди нови можности и шанси. Тој кој се интересира и ќе ги најде. ЦЛПУ настојува да биде општествено корисен и на услуга на младите кои се интересираат – истакна мр. Ќеман.

Потреба на времето

Омер Пајалиќ, апсолвент на Педагошкиот факултет во Бихаќ и активен волонтер во повеќе невладини здруженија, наведе дека повеќекратно искористил од посетувањето на семинари и едукативни програми и дека тоа му помогнало да стекне многу познанства и знаење. Неформалното образование, според него, не е повеќе опција, туку потреба на времето, која се уште не ја препознаваат одреден број на млади луѓе.

– Бев учесник во повеќе семинари, работилници, курсеви, дискусии, трибини и слично, во организација на владини и невладини организации. Со активно учество во сите тие активности станав побогат за многу нови искуства, знаења, вештини и способности да одговорам успешно на новите предизвици и пречки во современиот и турбулентен начин на живот. За жал, денешните студенти се попасивни и ми се чини дека во текот на своите студии гладаат да научат минимум колку да поминат и сите се среќни кога ќе добијат шестка. Меѓутоа, тоа подоцна им се одбива од глава кога ќе се вработат по својата струка и дури тогаш ја сфаќаат важноста на познавање на материјата од струката, како и на дополнителното знаење од пошироки области кои се врзуваат една за друга – истакна Омер Пајалиќ.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници