Турција: Преговорите со Русија за проектот „Турски тек“ се замрзнати

Од:

Неколкумесечните преговори со Русија за амбициознот проект за гасоводот „Турски тек“ се „замрзнати“ поради несогласувања меѓу двете страни.

– Не кажувам дека преговорите се пропаднати, туку дека се замрзнати, изјави Сефа Садак Атекин, помошник советник во турското министерство за енергетика и природни ресурси, пренесува весникот „Хуриет“.

Атекин ќор-сокакот во преговорите го објасни со недостигот на взаемна доверба и барањата за поголема флексибилност меѓу двете страни.

Минатиот месец поранешниот министер за енергетика на Турција Танер Јилдиз ги отфрли информациите за проблеми меѓу Анкара и Москва околу проектот. Јилдиз тогаш изрази уверување дека се во тек преговори за конечно одобрување на проектот, чија изградба треба да почне во јуни.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ