Албанците од југот на Србија бараат своја заедница на општини

Од:

Албанците од јужна Србија ќе побараат формирање на „заедница на албански општини“, по примерот на Србите на Косово, јавија српските медиуми.

Одлуката за тоа ќе биде донесена во Прешево на Собранието на советници Албанци од Прешевската долина, кое е највисоко политичко тело на Албанците од Прешево, Бујановац и Медвеѓа.

Во меѓувреме, српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека намерите на албанските советници во Прешево да формираат задница на општините во јужна Србија како одговор на Заедницата на српските општини во Косово е политички несериозно и неодговорно однесување, јави Танјуг.

– Србија знае како да реагира со мурдост и разум, а кога треба да покаже сила таа умее да ја покаже, рече Вучиќ.

Тој нагласи дека на овој чекор треба да се реагира мошне мудро.

– Им отворивме породилиште во Прешево, тоа е нашата политика, ќе го сториме тоа и во Бујановац, ќе отвориме и факултет и училиште, рече Вучиќ и додаде дека ги смета Албанците за дел од Србија и оти Владата има свој Координативен орган за Прешево, Бујановац и Медвеѓе.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград