Предвремените парламентарни избори во Турција даваат можност за надминување на политичката нестабилност

Од:

БТА – Софија

Во Турција, на 1 ноември ќе се одржат предвремени парламентарни избори, втори за помалку од шест месеци, но независно од тоа какви ќе бидат резултатите, аналитичарите предупредуваат дека нема гаранции дека Турција ќе може да очекува стабилност во блиска иднина.

Изборите во јуни формираа народен парламент. Партијата на правдата и развојот (АКП), создадена од Реџеп Тајип Ердоган, не успеа да добие мнозинство прв пат по 2002 година и не беше во сосотјба да формира коалициска влада со која и да било од другите три партии.

Харун Јундем, независен политички набљудувач, коментира специјално за БТА за ситуацијата која доведе до предвремени парламентарни избори во Турција на 1 ноември.

– Стана јасно дека по долгиот период на еднопартиско владеење на АКП, не е лесно да се формира коалиција. Замрзувањето на процесот за решавање на курдскиот проблем во источните окрузи на Турција исто влијаеше за пропаѓање на коалициските преговори. Курдската работничка партија (ПКК) ги обнови терористичките напади во источните окрузи, зачестуваат судирите меѓу ПКК и силите на редот, таму има сериозни проблеми, посочи Харун Јундем.

– Изборите се најсветиот елемент на демократијата и директно даваат некакво решение. Во Турција прв пат се создаде таква истуација – за толку кратко време се спроведоа нови избори, всушност предвремени, првпат свикани со одлука на претседателот. Но, штом политичките сили не можат да се договорат за составување на влада, не сметам дека има смисол да се обвинуваат и едните и другите за тоа. Гласањето е можност за излез од политичката нестабилност, ситуацијата може да се повтори, да се потрети, но нема друг пат освен избори, рече тој.

Како ќе се одрази екстремната ситуација во источните окрузи на изборите, на избирачите,  при состојба што во некои села беше воведена вонредна состојба и има многу жртви? На 7 јуни курдската Демократска партија на народте (ХДП) доби над 13 проценти од гласовите, што е заблежителен резултат. Се тврди дека сега владејачката партија сакаат да ја истиснат под прагот од 10 проценти, па затоа се оди на избори.

– Во пракса од сите активни политички сили во моментов, ХДП е во најтешка ситуација – таа не може самостојно да делува, не се одговара на нејзините барања, на секое нејзино дејство од другата страна се одговара со противдејство, не и беше дозволено да учествува во коалициските преговори. Но, според мене, нема шанса ХДП да падне под 10 проценти на предвремените избори, прогнозира аналитичарот.

На прашање од БТА дали постои веројатност процесот за решавање на курдскиот проблем „да биде изваден од ладилникот каде беше ставен за да се излади“, како што е традиционалната поговорка во Турција, Јундем вели:

– Се разбира, ако теророт сопре, т.е. ако ПКК го изнесе оружјето од Турција, процесот може да биде обновен. Несомнено ХДП е политичка сила која добила значителен процент гласови на изборите. Во моментов, двајца нејзини претставници се во преодната влада и така се оди на изборите. Сметам дека ќе бидат земени предвид барањата на граѓаните од тие окрузи и нешто ќе биде преземено. Всушност, тоа би го сторила која и да е партија која ќе дојде на власт, ќе биде должна тоа да го стори. Во спротивен случај, проблемот ќе продолжи многу подолго, посочи тој.

Многумна бирачи во Турција се збунети, не гледаат перспектива за разлика од ситуацијата пред изборите на 7 јуни. Според многумна, нема потреба од предвремени избори, тие се одржуваат само АКП повторно да дојде на власт, тие им служат на амбициите на претседателот за воведување на претседателско управување во земјата.

Јундем посочи дека тие мислења може да доведат до пад на бирачката активност, што е вознемирувачки. – На изборите на 7 јуни имаше многу висока активност. На претстојното гласање, партиите може да не ги добијат резултатите на кои се надеваат. Исто така, заради затегнатата ситуација во источните реони, постои веројатност за конфликтно протекување на гласањето. Во ситуација во која царува страв од теророт и се вршат вооружени напади и има жртви, не е возможно граѓаните слободно и независно да ја искажат својата волја. Но, до изборите има речиси два месеци. До тогаш може многу нешта да се променат. Може ситиацијата да се нормализира, за бидат преземни иницијативи за сопирање на затегнатоста. Во политиката дури и 24 часа се многу време, рече тој.

Запрашан за можноста која ја предвидуваат многу аналитичари на изборите на 1 ноември да се повтори сликата од изборите на 7 јуни, Харун Јундем одговори дека при такво сценарио формирањето на коалиција ќе биде неизбежно.

– Отсега со голема сигурност може да се претпостави дека во иднниот парламент пак ќе влезат четирите големи политички партии кои беа избрани на 7 јуни. Секоја партија ќе треба да се усогласи со гласовите од својот електорат. По 7 јуни, општетсвото се надеваше дека АКП и Републиканската народна партија ќе се договорат за коалициски кабинет, но тоа не се случи. По 1 ноември, може да се појави шанса за коалицирање со друг партнер. Тоа најмногу зависи од резултатот кој ќе го добијат партиите. Прашањето кое најмногу бранува е која партија колку проценти ќе добие. Според мене, на гласањето на 1 ноемрви нема да има промени во распоредот по кој ќе се подредат политичките партии во споредба со изборите на 7 јуни, односно првата партија пак ќе биде прва, втората повторно ќе биде на второ место. Десетина дена пред гласањето на 1 номеври може да имаме појасна слика, потенцира аналитичарот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ