Сирискиот претседател Башар ал Адас потпиша денеска указ за сеопшта амнестија, од која се исклучени „терористите“.
Амнестијата, која го опфаќа криминалот, извршен до 23 октомври 2012 година, не се однесува и за „криминалците на слобода“, освен ако не се предадат на властите.
Според Сирискиот центар за набљудување на човековите права, десетици илјади цивили биле фрлени во затвор, а илјадници други исчезнале од почетокот на бунтот против Асад од 15 март 2011 година.