Цитроен го претстави концептот Ц4 Кактус М, што е инспириран од познатото лесно теренско возило на компанијата, моделот Мехари.
Француската компанија, по неколку децении, повторно се враќа на идејата за кросовер возило со отворен покрив.
Цитроен Мехари, кој беше популарен 60-тите и 70-тите години на 20 век, е земен само како идеја, бидејќи новиот Кактус М во суштина е современо рекреативно возило базирано на моделот Ц4 Кактус.
Според дизајнерите, идејата била да се создаде отворено возило за забава и уживање, што може со леснотија да се справи со секаков вид на терен и предизвици со кои се соочува.
Дизајнот е преземен од Ц4 Кактус, но Цитроен секако успеал да го оживее духот на Мехари преки низа детали. Кабината е целосно отворена, а фактот дека ова возило е наменето за младите е скалилото на задниот дел, што патниците може да го користат за да „скокнат“ во возилото без да користат врата.
На подот на возилото е вграден канал за вода, со што може внатрешноста целосно да се исчисти со вода. Особено корисно за чистење на песокот од плажа.
Водоотпорните навлаки се дизајнирани во ведар, летен тон и во склад со сурферската субкултура.
Цитроен Кактус М доаѓа и со платнен покрив, што се поставува преку предниот и заден лак, а што истовремено може да служи и како шатор.
Кактус М нема погон на сите четири тркала, но благодарение на Грип Контрол функцијата, возилото може да се справи со предизвикувачки теренски услови.
Концептот ќе има светска премиера на Саемот на автомобили во Франкфутр, кон половината на септември годинава.