Уште еден доказ дека не треба да се верува на се што ќе се појави на Интернет

Од:

Французинката Натали Ајмонт, која предизвика големо внимание кај интернет-заедницата заради потрага по убавиот Австралијанец со кој останала бремена, призна дека целата приказна е измислена.

Таа се вика Ализ Мичел (26), студира маркетинг и туризам. Ден по објавувањето на нејзиното видео каде „само сака повотрно да го види мажот,  а ако тој не сакал да има повеќе врска со неа – во ред е, на нејзиниот Јутјуб  канал се појави ново видео каде признава дека станува збор за измама.

„Го пронајдов“, се воведните зборови во снимката каде објаснува дека станува збор за волонтерка  која се одглумила, а кампањата ја покренала туристичка агенција со цел привлекување на медиуми во нивниот град.

– Знам дека многумина ќе бидат вознемирени заради ова, но оваа млада дама не е за ништо виновна, се сама почнав, изјави сопственикот на компанијата Енди Селар.

Оваа приказна уште еден доказ за сите успешни инернет-измами и подметнувања во т.н. свет на вирален маркетинг.

Би можело да ве интересира

Британка станала порно актерка за да му купи скапи божиќни подароци на синот

Ана Ололовска

Американец тужи музеј поради „ариевски“ приказ на Исус Христос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бизарна мода на одмазда на изневерени жени во Кина

Ана Ололовска

Илјадници пчели одложија летање на авионот на авио-компанијата „Американ“, два пати по ред

Ана Ололовска

Го тужи 12-годишниот внук поради излив на љубов

Ана Ололовска

ФОТО: Пожарникари во Австралија спасиле човек заглавен во машина за перење

Ана Ололовска