Почна турнирот во мал фудбал „Ѓорче Петров куп 2015“

Од:

На повеќенаменското игралиште во урбаната заедница Ѓорче Петров  вчеравечер почна традиционалниот турнир во мал фудбал „Ѓорче Петров куп-2015“ на кој ќе настапат 24 екипи и вкупно 240 играчи.

Со турнирот официјално започнаа активностите по повод Денот на Општина Ѓорче Петров, 20 Септември, за што е најавена богата културно-спортска програма.

Пред почетокот на натпреварите играорците од КУД „Григор Прличев“ презентираа дел од богатиот македонски фолклор.

Турнирот за отворен го прогласи  градоначалникот Сокол Митровски кој ја потенцираше важноста од организирањето на ваквиот тип на настани и истакна дека очекува спортско фер плеј натпреварување и фудбал за уживање.

За најдобрите екипи и играчи предвидени се богати награди, а прв пат ќе биде наградена и четвртопласираната екипа.

Главен покровител на турнирот е општината Ѓорче Петров, како и голем број спонзори.

Во првиот натпревар на турнирот силите ги одмерија фудбалерите на „Спортска гостилница“ и „Трансмет“. Подобри беа „Спортска гостилница“ и победија со минимален резултат од 1:0. Во натпреварот меѓу„ Карпош“ и „Фриго шоп“ резултатот беше 4:1.

Денеска натпреварите ќе започнат во 19.00 часот.

Би можело да ве интересира

Норвешки клуб мораше да помине 220 метри со автобус до европскиот натпревар поради едно бизарно правило

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Фергусон: Секако дека се плашам од тоа

Предраг Петровиќ

Нова катастрофа за Динамо: Ги „казни“ последнопласираниот Славен

Предраг Петровиќ

Платини предложи револуционерна промена во фудбалот: Бројот на играчи да се намали од 11 на 10

Предраг Петровиќ

„Не победивте поради вас, туку затоа што јас наместив

Предраг Петровиќ