Заменик претседателката на бугарската влада Меглена Кунева вчера изјави дека нема потреба за преземање на итни мерки, бидејќи со моменталниот прилив на бегалци Бугарија може да се справи.
Бугарската министерка за внатрешни работи Румјана Бачварова изјави дека 95 проценти од мигрантите што пристигнуваат во Бугарија, во најголем дел од Сирија, Авганистан и Ирак, ги исполнуваат условите за добивање на бегалски статус, јави БТА.
Бачварова нагласи дека е завршена изградбата на 20 километри ограда кај селото Лесово на границата со Турција. Вкупната должина на оградата ќе биде 130 километри.
Според Бачварова бугарските власти разгледуваат можност за отворање на нови шест центри за регистрирање на бегалци.