Јодот како превенција за рак на дојка

Од:

Бројот на луѓе во светот, на кои им е дијагностициран рак, се зголемил во 2012 година на 14 милиони, а се предвидува бројот на заболените до 2025 година да надмине 20 милиони со тенденција за натамошен раст, покажуваат податоците на Светската здравствена организација (СЗО).

Факт е дека од рак умираат милиони луѓе секоја година, лекувањето е скапо и со непредвидлив исход, со што се истакнува важноста од превенција.

Во извештајот на СЗО се наведува дека дури и развиените земји имаат проблем со скапите третмани на лекување и негата за пациентите. Новите клинички истражувања покажале директна поврзаност на конзумирањето јод и превенцијата за ширење рак на дојка, што претставува револуционерно откритие.

Истражувањето спроведено од Ашутос Шривавастава и неговиот тим, објавено во јули 2006 година, покажало дека јодот има цитотоксично дејство врз канцерогените клетки.

Докажано е дека јодот кај канцерогените клетки предизвикува програмирано изумирање. Иако препорачаните дневни количества на јод според СЗО изнесуваат 150 микрограми, експертите веруваат дека тоа не е доволно. Јодот се внесува преку храна. Природно растворен јод има во морските плодови и алгите.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска