Франција ќе плати на Русија околу 950 милиони евра за воените бродови „Мистрал“

Од:

Франција ќе плати на Русија околу 950 милиони евра за двата неиспорачани воени бродови од типот „Мистрал“, јавуваат француските медиуми, повикувајќи се на закон, објавен на интернет страницата на Долниот дом на францускиот парламент.

Од текстот, претставен од францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабијус, е јасно дека Париз ќе префрли на Москва 949.754.849 евра согласно со потпишаниот на 5 август билатерален договор за ова прашање.

Оваа сума одговара на авансот, направен од Русија за двата носачи на авиони, чија договорена цена изнесуваше 1,2 милијарди евра.

Франција ја откажа продажбата на десантните воени бродови на Русија поради нејзината политика кон Украина и наметнатите санкции од ЕУ кон Москва.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми