Би било одлично следниот Генерален секретар на ОН да биде жена, но кандидатите не треба да се ограничуваат исклучиво по пол. Поважно е наследникот на Бан Ки-мун да биде од Источна Европа, изјави рускиот постојан претставник во светската организација Виталиј Чуркин, пренесува ТАСС.
Ниту еден од досегашните осум Генерални секретари на ОН не бил од Источна Европа и сите тие биле мажи. Поради тоа, многумина сметаат дека добри шанси има Бугарката Ирина Бокова, Генерален директор на УНЕСКО.
Меѓу потенцијалните кандидати се и претседателката на Чиле Мишел Бачелет и администраторот на Програмата на ОН за развој Хелен Кларк.
Вториот последен петгодишен мандат на Бан Ки-мун на функцијата Генерален секретар на ОН истекува на 31 декември годинава.
– Би било одлично ако жена стане Генерален секретар на ОН. Но, дали е неопходно да се ограничува изборот, запраша рускиот постојан претставник во светската организација, чија земја е актуелен претседавач со Советот за безбедност на ОН.
Чуркин, исто така, нагласи дека во групата земји од Источна Европа, се цврство убедени дека следниот раководител на организацијата треба првпат да е претставник на овој регион.