Предноста на Сириза пред Нова демократија се помала

Од:

Предноста на партијата на радикалната левица Сириза пред конзервативната Нова демократија се намалила на 0,4 проценти, покажуваат најновите анкети спроведени во Грција.

Резултатите од анкетата на институтот Алко покажуваат дека Сириза би добила 23 отсто од гласовите, а Нова демократија 22,6 отсто. Разликата меѓу Сириза и Нова демократија во друга анкета на Алко од пред три дена беше 1,5 проценти.

Вкупно 14 проценти од гласачите се уште не се одлучиле за која партија ќе гласаат, иако до изборите на 20 септември остануваат помалку од три недели.

Неофашистичката Златна зора се уште е на третото место со 6,1 отсто поддршка, а по неа е Грчката комунистичка партија со 5,5 отсто.

Национално единство, партијата што ја формираа отцепените членови на Сириза ја поддржуваат 3,9 проценти од испитаниците. Партијата Независни Грци, досегашниот коалициски партнер на Сириза не би собрала доволно гласови за да го помине изборниот праг.

Лидерот на Сириза, Алексис Ципрас засега ја отфрла можноста да соработува со главните проевропски опозициски партии Нова демократија, социјалистичката ПАСОК и центристичката Потами.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит